25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНаучниците развија уред кој може да го „намириса“ коронавирусот, но и низа...

Научниците развија уред кој може да го „намириса“ коронавирусот, но и низа други болести

Ковид-19 има многу карактеристичен мирис. Тоа е вистинско научно откритие и многу е возбудливо да се развиваат различни методи за откривање на болести, објасни професорот Стив Линдзи од универзитетот Дурам.

Човечкото тело, кога е болно, има поинаков мирис. Иако луѓето можеби не можат да го почувствуваат ова, докажано е дека животните, како кучињата и мачките, можат. Но, група научници од Велика Британија развија уред кој може да „намириса“ лице кое е заразено со коронавирус.

Наречен „КОВИД аларм“, уредот е резултат на работата на научниците од Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина и универзитетот Дурам, кои откриле дека едно лице заразено со коронавирус има специфичен мирис кој може да го детектираат сензорите.

Резултатите ветуваат и покажуваат потенцијал да се користи оваа технологија за брзо, неинвазивно тестирање со исклучителна точност. Но, понатамошно тестирање на технологијата е сè уште потребно за да се осигураме дека ваквите резултати можат да се реплицираат во реални услови, рече водачот на студијата и професор во лондонското училиште Џејмс Логан.

Доколку уредот се покаже успешен во употреба на јавни места, тие лесно можат да влезат во поширока апликација. Исто така, тие би можеле да ги заштитат луѓето од идните епидемии затоа што имаат способност да прилагодат сензори за откривање на разни болести во рок од само неколку недели, додаде Логан.

Во студија што сè уште не поминала рецензија, биле користени примероци од телесни мириси од чорапи донирани од пациенти со КОВИД-19, но кои имале благи или никакви симптоми и доброволци кои не биле заразени.

Примероците биле анализирани од моделот 304B VOC на RoboSc Scientific, кој бил опремен со 12 OSC сензори. Овие сензори создале профил на мирис и примарно откриваат присуство на соединенија како што се кетони и алдехиди, кои се јавуваат кај лица со Ковид-19.

Сензорите покажале исклучително висока точност за време на тестирањето – до 100 проценти, што значи дека со нивната примена ќе се избегне добивање лажни позитивни или лажно негативни резултати од тестовите. Но, научниците истакнуваат, рано е да се каже дали тие можат целосно да ги заменат класичните тестови за ПЦР. На почетокот, тие сигурно би можеле да се користат како дополнителна линија на одбраната.

Компанијата што го произведе уредот за анализа RoboSceintific, посочува дека е можно да се направат две верзии на овој уред. Верзија за рачна употреба и верзија која може да го анализира воздухот во просторијата и да открие потенцијално заразени лица во рок од половина час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП