Иако се сметаа за големи фаворити во соседската битка, Полска загуби со 1:2 од Словачка во првиот меч од групата Е на ЕУРО 2020.
Словаците од почеток се покажаа како цврсти противници, издржувајќи ги нападите предводени од Роберт Левандовски (кој беше речиси невидлив во првото полувреме), за Словаците да ги шокираат во 18. минута, кога ветеранот Роберт Мак имаше фантастичен пробив и успеа да го совлада Војчех Шчесни. Голот беше забележан за Шчесни, бидејќи топката се одби од неговата глава, со што голманот на Јувентус стана првиот голман кој си дал автогол на едно Европско првенство.

