29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ10-те најголеми нафтени компании успеаја да ја надминат кризата

10-те најголеми нафтени компании успеаја да ја надминат кризата

Пазарот на нафта го претрпе својот прв удар во февруари 2020-та година, кога Ковид-19 започна да се шири низ целиот свет.

Според сегашните собрани податоци од агенцијата „Анадолија“, од нејзините финансиски извештаи, вкупниот профит на 10-те најголеми нафтени компании, котирани на светските берзи, се зголемил во првиот квартал од 2021-ва година на повеќе од 46 милијарди долари.

Овој резултат доаѓа по период на невообичаена нестабилност и проблеми на пазарот на „црно злато“ за време на кризата во 2020-та година, кога двата главни типа на нафта – „Брент“ и „WTI“ – забележаа историски најниски вредности. За потсетување, нафтата вредеше 0 долари во еден момент!

Според мајскиот извештај на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) од мај, пандемијата со Ковид-19 и следните ограничувања на мобилноста, како и макроекономските ризици и глобалната геополитичка нестабилност, доведоа до пад на побарувачката од 99,76 милиони барели на ден во 2019-та година, на 90,05 милиони барели.

Пазарот на нафта го претрпе првиот удар во февруари 2020-та година, кога Ковид-19 почна да се шири низ целиот свет. Големите производители, ОПЕК и неговите сојузници (сојузот ОПЕК +) беа принудени да преземат мерки, во обид да ја преземат контролата врз движењата на пазарот.

Сепак, во тоа време тие не успеаја да постигнат договор поради спротивставените позиции меѓу лидерите на ОПЕК, Саудиска Арабија и Русија.

Поради ова несогласување и одлуката на двајцата најголеми производители на нафта да ги „исклучат славините“, претходното намалување на производството беше прекинато на почетокот на април, што предизвика ненадеен пад на цените. Пазарот на нафта беше преплавен со понуда, додека на страната на побарувачката имаше мала плима, што имаше значително влијание врз цените на „црното злато“.

Покрај тоа, проблемот со недоволниот капацитет за складирање изврши голем притисок врз цените на нафтата. Поради недостаток на простор за складирање, трговците го откажаа физичкото преземање на испораките во април и по секоја цена се обидоа да се „ослободат“ од постојните залихи, што резултираше со невообичаен случај – дека цената на американската „WTI“ нафта на 20-ти април влезе во негативна територија, и потона на минус 37 долари за барел.

Северноморската сурова нафта „Брент“, која се користи како главен стандард во формирањето на цените на светските берзи на овој извор на енергија, падна на 21-ви април на 17,51 долар за барел. Цената на „Брент“ лани потона за 32,8 проценти на просек од 43 американски долари, правејќи притисок врз билансите на многу нафтени компании.

Како резултат на тоа, големите нафтени компании во 2020-та година забележаа огромни загуби на годишно ниво. Сепак, 2021-ва година донесе пресврт, со тоа што јазот помеѓу понудата и побарувачката започна да се намалува со започнувањето на кампањата за вакцинација, што влијаеше на падот на дневните случаи на инфекција и укинувањето на блокадите.

Бидејќи глобалните економии почнаа да се опоравуваат од негативните ефекти на пандемијата, побарувачката за нафта влезе во фаза на опоравување. Дисциплината во спроведувањето на политиката за намалување на испораките од земјите од групата ОПЕК + исто така придонесе за тоа, па цените на нафтата се вратија на нивото пред пандемијата.

Благодарение на ефикасното управување со снабдувањето и јакнењето на глобалната побарувачка, приходите на 10-те најголеми нафтени компании се зголемија за 8,5 милијарди долари на 46,5 милијарди долари во текот на првиот квартал од 2021-ва година, според нивните финансиски извештаи. Само во првиот квартал од минатата година „Саудиски Арамко“ и „Шеврон“ забележаа вкупен нето профит од 20,3 милијарди долари, додека другите компании заедно имаа загуба од околу 17,7 милијарди долари.

Состојбата е сосема поинаква во првите три месеци од оваа година. Британскиот „БП“ оствари најголема годишна добивка од загуба од 4,4 милијарди долари во првиот квартал на 2020-та година до добивка од 4,7 милијарди долари во првиот квартал од оваа година. Руската нафтена компанија „Лукоил“, исто така, објави профит од 2,1 милијарди долари на годишно ниво во првиот квартал, наспроти загубата од 6,3 милијарди долари во истиот квартал од 2020-та година.

Други компании кои оствариле профит во периодот јануари-март оваа година се: „Сауди Арамко“ со 21,7 милијарди долари, „Ексон Мобиле“ со 2,7 милијарди долари, „Шел“ со 5,7 милијарди долари, „Шеврон“ со 1,4 милијарди, „Роснефт“ со две милијарди, „ЕНИ“ со една милијарда долари, „Еквинор“ со 1,8 милијарди долари и „Тотал“ со 3,3 милијарди долари.

Вкупните приходи на нафтените гиганти во првиот квартал од оваа година се зголемија за 24 милијарди долари или 6,6 проценти во споредба со минатата година, на приближно 387 милијарди. Додека „Роснефт“ и „Шел“ забележаа пад на приходите во овој период, „Сауди Арамко“ беше компанија со најголемо зголемување на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП