20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Моментот на прекин“: Нешто се случува со Сонцето(ВИДЕО)

„Моментот на прекин“: Нешто се случува со Сонцето(ВИДЕО)

Нешто големо ќе се случи со Сонцето, и тоа, судејќи според новата теорија на физичарите – многу наскоро. Тоа е феномен кој американските научници го нарекоа „момент на прекин“.

Ако никогаш не сте чуле за тој настан, не сте сами. Имено, тоа е релативно нова идеја во соларната физика, која ја изнесе Скот Мекинтош, физичар специјализиран за истражување на сонцето од Националниот центар за истражување на атмосферата и неговиот колега Боб Лимон од Универзитетот во Мериленд.

Според теоријата на двајцата научници, широки појааси на магнетизам шетаат по површината на Сонцето, а кога спротивно магнетизираните слоеви се судираат на екваторот, тие се поништуваат (или прекинуваат).

Нема експлозија, ова е магнетизам, а не антиматерија. Сепак, овој настан е многу важен, бидејќи може да значи дека следниот сончев циклус ќе биде многу посилен.

„Ако ова се случи во блиска иднина, што очекуваме, новиот 25 соларен циклус може да биде во опсегот на првите пет според силата од тоа како се водат записите“, рече Мекинтош.

Ова е, како што истакнува порталот „Spaceweather“, барем контроверзна изјава, имајќи предвид дека повеќето научници сметаат дека новата фаза на соларна активност ќе биде помалку активна, слична на анемичниот соларен циклус 24, кој едвај го достигна својот врв во 2012 година и 2013 година.

“Што да кажам? Ние сме еретици “, одговара на смеа Макинтош.

Физичарите ја објасниле својата теорија во трудот објавен во декември 2020 година во списанието “Solar Physics”.

Na основа на 270 години податоци за сончевиte дамки, тие откриле дека „настаните со прекин“ одделуваат еден соларен циклус од друг, што се случува приближно на секои 11 години, со акцент на „приближно“. Интервалот помеѓу „прекините“ е помеѓу 10 и 15 години, што е клучно кога станува збор за предвидување на сончевите циклуси.

„Забележавме дека секој следен циклус ќе биде послаб ако има подолг период помеѓу паузите. „Наспроти, колку е пократко времето помеѓу паузите, толку следниот циклус ќе биде посилен“, рече Лимон.

Овие идеи може да бидат контроверзни, но тие се предмет на верификација, па доколку настанот следи наскоро, а 25-те соларен циклус е силен, тогаш Макинтош и Лимон се на добар пат, заклучува порталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП