23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ7 важни информации за поставување на правилна дијагноза

7 важни информации за поставување на правилна дијагноза

За докторот да може да ги одреди сите потребни прегледи, лекови и да постави правилна дијагноза, мора од пациентите да прими важни информации околу нивната здравствена состојба.

Поради тоа овие информации никогаш не би требало да ги криете од докторот.

1. Исхрана

Кога одиме на преглед кај доктор обично чувствуваме вина поради нездравиот начин на исхрана. Понекогаш токму поради тоа не сакаме на докторот да му откриеме каква е всушност нашата исхрана, туку му кажуваме дека се храниме поздраво.

Од друга страна, понекогаш не сакаме да признаеме дека сме на строга диета или дека се прејадуваме. Сите овие информации се од големо значење и мораме да му ги откриеме на докторот.

2. Употреба на лекови

Некои луѓе често користат разни лекови без знаење на докторот или не се придржуваат до пропишаниот начин на земање на лекови. Целото ова влијае на нивното лечење, а може да влијае и на резултатите од анализа на крвта.

Затоа на докторот мора да му пренесете кои лекови точно ги користите.

3. Пушење

Немојте да криете ако навистина сте пушач, без разлика дали станува збор за една кутија дневно или неделно. Без разлика на количината, задолжително признајте му на вашиот доктор колку цигари навистина консумирате.

4. Алкохол

Како и цигарите, и алкохолот е опасен по здравјето. Влијае на еден од најважните органи, а тоа е црниот дроб. Информацијата околу количината на алкохол која ја консумирате може да биде многу важна за поставување на правилна дијагноза.

5. Суплементи и лековити билки

Ако користете додатоци во исхраната, како витамини или лековити билки, пренесете му го тоа на докторот. Кога одредени лекови ќе дојдат во допир со таквите додатоци, нивната ефикасноста може да се намали или зголеми, што секако не е добро за вашето здравје.

6. Сексуален живот

Непријатно е да се одговара на прашања поврзани со сексуалниот живот, бидејќи тоа е интимна работа, но информациите околу тоа каква заштита користите и дали сте имале некоја полово пренослива болест, можат да бидат многу важни за препишување на потребните анализи и прегледи.

7. Ментално здравје

Кога вашиот доктор ќе ве праша како се чувствувате, немојте да ја криете вашата реална состојба и емоции. Тие можат да манифестираат некои физички проблеми.

Многумина не знаат дека болестите на штитната жлезда може да предизвикаат напад на паника и анксиозност. Искрениот разговор со докторот само може да помогне. Затоа кажувајте ја вистината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП