Кинеската вселенска агенција објави „селфи“ од роверот на Марс, со платформата за слетување во позадина на која е прикажано кинеското знаме, пренесоа агенциите.
Роверот Журонг, именуван по кинескиот Бог на огнот, ги сликал и трагите кои ги оставил на црвената планета, а кинеската вселенска агенција организирала церемонија по повод објавувањето на фотографиите.


