22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамшик му останува верен на Наполи

Хамшик му останува верен на Наполи

marek-hamsik

Фудбалерот на Наполи, Марек Хамшик потпиша нов договор со клубот кој ќе го задржи на „Сан Паоло“ до 2018-та година.

Репрезентативецот на Словачка е главна фигура во составот на „небесносините“, па поради тоа раководството на клубот одлучија да го поврзат долгорочно и со тоа и да парираат на  евентуалениот интерес од гигантите во Европа.

„Многу сум среќен од новиот договор, кој ќе ме задржи во клубот до 2018-та година. Мило ми е што го потпишав и дека ќе го продолжам мојот престој тука. Исто така го поздравувам тимот за добрата игра против Бенфика. Целта ни е да продолжиме да се развиваме“, изјави Хамшик по пријателскиот натпревар со Бенфика  на кој триумфираа со 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП