18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Twitter“ наскоро ќе ја добие апликацијата „Super Followers“

„Twitter“ наскоро ќе ја добие апликацијата „Super Followers“

Минатата недела, услугата за претплата на „Twitter“ беше лансирана во САД и Канада и се чини дека компанијата не застанува тука кога станува збор за напорите за заработка на популарната услуга.

Џејн Манчун Вонг на својот профил објави дека компанијата се подготвува да ја стави во функција следната платена функција, наречена „Super Followers“.

„Super Followers“ од страна на „Twitter“ е најавена во февруари оваа година и им овозможува на корисниците да заработат од своите сметки на „Twitter“ и да создаваат твитови скриени зад платформата за претплатници. Претпоставка е дека „Twitter“ ќе земе процент од оваа претплата.

Некои од барањата, за да можат да создадат сметка за „Super Followers“, се корисникот да има најмалку 10.000 следбеници и да има објавено 25 твита во текот на претходните 30 дена.

Некои од карактеристиките што корисниците можат да им ги дадат на своите „Super Followers“ вклучуваат налепници и ознаки за да се издвојат од другите. Во моментов, „Twitter“ бара од корисниците што сакаат да создадат сметка за „Super Followers“ да аплицираат, заедно со информации за тоа каква содржина создаваат, пред да се одобри сметката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП