Флојд Мејвејдер, легендарниот боксер, кој во кариерата забележал 50 победи во исто толку борби, не успеа да го победи „Ју-тјуберот“, Логан Пол. Егзибициската борба се одржа на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.
Според договорот, Мејвејдер и Пол боксуваа осум рунди, без судија во рингот. „Ју-тјуберот“ успеа да ги издржи сите осум рунди против легендарниот боксер, кој по мечот, признал дека Пол бил многу подобар од она што тој очекувал да го види.

