МЗТ Скопје Аеродром стигна до својата осма титула шампион на Македонија, откако го доби и третиот меч од финалето со Еуро Никел, победувајќи со 89:78 (21:23, 25:21, 25:18, 18:16), завршувајќи ја финалната серија со 3:0 триумф.
За „Металците“ ова е осма титула по трофеите во 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019, а исто така е потврда на доминацијата во домашната кошарка, откако оваа година го освоија и Купот на Македонија.

