6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДон Карло се враќа во Реал?

Дон Карло се враќа во Реал?

Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, сакал во клубот да го врати Карло Анчелоти. Реал од пред неколку дена е без тренер, откако Зинедин Зидан си поднесе оставка.

Раул, Чаби Алонсо, Антонио Конте, Маурисио Покетино се поврзуваа со клупата на Реал, меѓутоа како што тврдат „Марка“ и „АС“, претседателот на клубот имал свој фаворит, неговото име е Карло Анчелоти, човек кој во 2014 година ја освои Лигата на шампионите со Реал.

„Контактите се воспоставени пред четири дена кога Перез доби информација дека Италијанецот е заинтересиран да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Ситуацијата внимателно ја следат во Евертон, таму веќе ги разгледуваат опциите за тренер доколку Анчелоти се раздели со клубот. Нуно Еспирито Санто им се понудил да го наследи Анчелоти“, пишува „АС“.

Анчелоти во периодот 2013-2015 година, го предводел Реал на 119 натпревари, тимот победил 89 пати, 14 пати играл нерешено и забележал 16 порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП