14 јануари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Microsoft“ се обидува на секој начин да го протне „Edge“ - сега...

„Microsoft“ се обидува на секој начин да го протне „Edge“ – сега нудат и пари

Битката помеѓу „Google Chrome“ и „Microsoft Edge“ продолжува – „Microsoft“ сега буквално ви нуди пари за да го користите „Edge“.

„Google Chrome“ е најпопуларниот интернет прелистувач од мај 2012-ва година, кога „Internet Explorer“ беше официјално отстранет од врвот.

„Internet Explorer“ влезе во историјата, и беше заменет со „Microsoft Edge“, со кој „Microsoft“ сега се обидува да се врати на врвот.

Ова ќе биде малку потешко, бидејќи 69,6% од луѓето на Интернет користат „Google Chrome“.

Не е дека „Edge“ не расте, бидејќи го користеа 7% од луѓето во минатата година, а оваа година од 12%, но сепак е слаб.

„Microsoft“ се обидува на секој начин да се врати во играта, па затоа „Bing Rebates“ пристигнува на „Edge“.

Кога купувате преку „Bing.com“, добивате назад 10% од потрошените пари, но само ако користите „Microsoft Edge“ при купување.

Со ова ќе започнат во октомври и најпрво ќе биде достапно само во САД, а до крајот од годината и во другите делови на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП