20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈапонците испраќаат минијатурен робот на Месечината за да ја истражува прашината

Јапонците испраќаат минијатурен робот на Месечината за да ја истражува прашината

Јапонија е решена да ја освои Месечината со нова технологија. Така, тие објавија дека планираат да испратат ровер со големина на тениско топче на Месечината во 2022 година, кое треба да ја истражува површината на природниот сателит на Земјата.

Зад малиот ровер стои група компании кои го развиваат за Јапонската агенција за вселенско истражување (JAXA), меѓу нив се Сони и Томи Компани, компанија за развој на играчки. Малиот ровер треба да се тркала на површината на Месечината и да фотографира и да собира податоци за прашината на месечината, супстанца која им создава проблеми и на луѓето и на уредите.

Иако JAXA не објави многу информации за роботот, бидејќи тој сè уште е во фаза на развој, она што е познато е дека тој ќе има дијаметар од само 8 сантиметри и ќе се состои од сфера која може да се отвори за да се движи околу Месечината со помош на две тркала. Тешко е само 250 грама, а доколку се докаже во својата прва лунарна мисија, во иднина би можело да има клучна улога и во другите мисии за истражување на Месечината.

Трансформацискиот лунарен робот ќе биде многу компактен и лесен, кој ќе лута во непријателското опкружување кое владее на Месечината, рекоа во соопштението за печатот.

Како што посочуваат од JAXA, малиот лунарен робот треба да стигне до Месечината користејќи го комерцијалното летало HAKUTO-R на компанијата iSpace, што треба да биде лансирано во 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП