13 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ ги претстави „Matebook D 14“ и „D 15“ со процесори „Ryzen...

„Huawei“ ги претстави „Matebook D 14“ и „D 15“ со процесори „Ryzen 5000“

„Huawei“ ги надгради своите лаптопи „Matebook D 14“ и „Matebook D 15“, а овој пат ги добиваат најновите „AMD Ryzen 5“ и „Ryzen 7“ процесори. Со исклучок на новите чипови, другите карактеристики остануваат исти и надворешно и внатрешно во споредба со претходните модели.

„Matebook D 14“ и „D 15“ може да користат или процесор од среден опсег „Ryzen 5 5500U“ или понапреден „Ryzen 7 5700U SoC“. И во двата случаи има вграден графички процесор „Radeon Vega“. „Ryzen 5“ има шест јадра на процесорот и максимална такт од 4,0GHz, додека „Ryzen 7“ има осум јадра и такт од 4,4GHz.

„Huawei“ ги испорачува двата лаптопа со батерија од 56Wh и полнач од 65W. „Matebook D 14“ има 14-инчен екран, додека „Matebook D 15“ користи 15,6-инчен „IPS LCD“. Приклучоците вклучуваат еден „USB-C“ полнач, еден микро „HDMI“, еден 3,5 mm приклучок и два „USB-A“ конектори (едниот 2.0, а другиот 3.2).

Предната камера повторно е скриена во доделениот тастер во тастатурата. „RAM“ меморијата доаѓа во капацитет од 16 GB, а на располагање се и 512 GB SSD меморија.

„Huawei Matebook D 14“ и „D 15“ пристигнуваат во сребрена и „Deep Space Gray“ бои, а на кинескиот пазар ќе се најдат во продажба од 1-ви јуни. Засега нема информации за глобална достапност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП