18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМајкрософт: Руски хакери извршија нов напад во Америка

Мајкрософт: Руски хакери извршија нов напад во Америка

Руската хакерска група позната како Нобелиум изврши нов сајбер напад, овој пат користејќи го системот за е-пошта на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), објави компанијата Мајкрософт, пренесува агенцијата Анадолија.

„Нападот, за кој се верува дека беше насочен кон 3.000 имеил сметки во повеќе од 150 организации, го изврши истата хакерска група која стоеше зад нападот врз Соларвиндс“, соопшти Мајкрософт.

Претходниот напад на Соларвиндс, кој компромитираше илјадници компјутерски системи со ажурирање на софтвер, ги наведе Соединетите држави да протераат десет руски дипломати од земјата и да воведат санкции за 32 руски државјани.

За најновиот напад на Нобелиум, системот за е-пошта на УСАИД беше искористен за обид за кражба на идентитети, а на мета биле 3.000 меилови во 150 организации од најмалку 24 земји.

Меѓу целите биле организации насочени кон заштита на човековите права, консултантски групи и невладини организации, пишува Анадолија.

Меиловите изгледаше автентично, но содржеле линк кој содржи злонамерен фајл.

Со кликнување на него ќе се инсталира влез за компјутерски систем наречен NativeZone на Мајкрософт, што „овозможува широк спектар на активности, од кражба на податоци до заразување други компјутери на мрежата“.

Една од причините за нападот е „да се добие пристап до сигурни даватели на услуги и да се заразат нивните корисници“, се вели во соопштението.

„Ова е уште еден пример за тоа како сајбер нападите станаа омилена алатка за сè поголем број земји кои сакаат да постигнат широк спектар на политички цели, со фокус на овие напади врз човекови права и хуманитарни организации“, се вели во соопштението.

„Мајкрософт“ апелираше до меѓународната заедница да воспостави „јасни правила кои го регулираат однесувањето на државите во сајбер просторот и јасни очекувања кога станува збор за последиците од нивното кршење“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП