Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласира на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата на седницата донесоа одлука за исклучок од постојната забрана за одржување спортски натпревари.
Ова значи дека подготвителниот натпревар на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.

