Роналд Куман завршил во болница. „Фокс“, објави дека Холанѓанецот побарал лекарска помош поради анксиозност. Минатата година, 56-годишниот тренер, имаше срцеви проблеми.
Куман се наоѓа под голем притисок. Барселона имаше лоша сезона, поради што неговата иднина во клубот е неизвесна. На последниот состанок клупските челници му соопштиле дека во наредните 15 дена ќе решат околу неговата иднина.

