20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриен нов несакан ковид ефект: Доколку ви се појавило ова на вашите...

Откриен нов несакан ковид ефект: Доколку ви се појавило ова на вашите нокти, можеби сте прележале коронавирус

Некои луѓе напишаа во коментарите дека дефинитивно го доживеале ова откако имале коронавирус.

Има толку многу чудни работи што можат да се случат откако ќе се опоравите од вирусот КОВИД-19, како што се постојана кашлица па се до опаѓање на косата. Сега на листата се појави нов несакан ефект: КОВИД нокти, наречени Beau lines, пишува Miss7.

Тим Спектор, британски епидемиолог и главен научник на апликацијата „Zoe COVID Symptom Study“, неодамна објави на твитер за овој феномен, вклучи фотографија од КОВИД ноктите и напиша: „Дали вашите нокти изгледаат невообичаено? КОВИД ноктите се повеќе се препознаваат како нокти закрепнати по инфекцијата, а на нив може да се забележат јасни линии. Тие можат да се појават без осип на кожата и да изгледаат безопасно“.

Некои луѓе напишаа во коментарите дека дефинитивно го доживеале ова откако имале коронавирус. „Го забележав тоа, а исто така и опаѓање на косата три месеци по короната“, напиша еден. „Такви беа моите нокти после инфекцијата! Тоа беше околу два месеци по инфекцијата“, додаде друг.

Многу луѓе имаа прашања во делот за коментари за КОВИД ноктите, како изгледаат и дали треба да се грижат за тоа. Еве што треба да знаете за КОВИД ноктите.

Што точно се КОВИД ноктите?

За ова постои медицински термин – Beau lines. „Кога имате поголем физиолошки стрес, како што е болеста, во основа има промена во циклусот на ноктите“, вели дерматологот од Њујорк, д-р Дорис Деј.

Ова обично ќе го видите на сите нокти (не само на еден), а можеби дури и на ноктите на нозете. Ако сте имале КОВИД-19, нема да го видите веднаш. Наместо тоа, д-р Деј вели дека веројатно ќе бидат потребни два до три месеци за да се појават.

Како изгледаат КОВИД ноктите?

Тоа се жлебови кои хоризонтално поминуваат низ плочата на ноктот. КОВИД ноктите / Beau lines можат да изгледаат како жлебови или вдлабнатини, вели д-р Деј.

Доколку имаме КОВИД нокти, дали тоа значи дека сме имале КОВИД-19?

Не мора да значи, бидејќи повеќе болести можат да го предизвикаат тоа, вели д-р Амеш А. Адаjaа, виш научник во Џонс Хопкинс Центарот за Здравствена Безбедност во Мериленд. „Познато е дека секаков вид на системска болест може да го наруши растот на ноктите, што може да се рефлектира во абнормалности во изгледот на ноктите“, додаде тој. „Ова може да се забележи кај секоја критична болест“. Грипот, инфекцијата и скоро сè што предизвикува висока температура исто така може да ги предизвика овие жлебови. Дури и хемотерапија може да предизвика карактеристики на Beau lines.

Општо, со изгледот на ноктите на Beau lines, обично „нема причина да се грижите“, вели д-р Деј, додавајќи дека „тоа само покажува дека вашето тело поминало низ нешто и дека сте завршиле со тоа“.

Д-р Џошуа Дравер, директор за козметичко и клиничко истражување на Медицинскиот факултет Ichan во Mount Sinai, во Њујорк, вели: „Добрата вест е дека дури и без третман, тоа се поправа.

„Кога ќе се случи промена во ноктот, таа не е трајна, па затоа е само е потребно чекање за ноктот да порасне“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП