ТЕХНОЛОГИЈА

Супер црвената месечина снимена низ целиот свет

Појавата на таканаречената „крвава“ или „црвена“ Месечина, поради нејзината црвена рефлексија, ширум светот беше фотографирана заедно со зачудувачките пејзажи и познати знаменитости.

Вчерашното појавување на „црвената“ Месечина обично се случува за време на затемнувањето, кога Земјата е директно помеѓу Месечината и Сонцето и кога ја крие Месечината од сончевите зраци.

Фотографиите пренесени од Би-Би-Си покажуваат како е снимен овој феномен во Сиднеј покрај зградата на Опера, во кинескиот град Јангченг, покрај најголемата џамија изградена во модерна Турција, Сината џамија во Истанбул и Храмот Посејдон во Атина.

Црвената месечина е сликана и зад статуата на Христос Спасителот во Рио де Женеиро, Мадрид, главниот град на Шпанија, и како што „поминува“ меѓу големи облакодери и додека се пробива низ облаците над античкиот Стоунхенџ во Велика Британија.

Вчерашната Супер Месечина, една од трите годинава, беше најголемата Супер Месечина оваа година, бидејќи беше и најблиску до Земјата.

Супер Месечината беше делумно видлива каде и да беше во тоа време на ноќта, а жителите на делови од Азија и Австралија, САД и Јужна Америка можеа најмногу да уживаат во сцената.