23 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро доаѓа најважната надградба на Windows во последните десет години

Наскоро доаѓа најважната надградба на Windows во последните десет години

Постојат гласини за нов дизајн на интерфејсот, обновување на продавницата на „Microsoft“ и голем број други пофални надградби.

Извршниот директор на „Microsoft“, Сатја Надела, неодамна објави дека тестира рана верзија на „новата генерација на Виндоус“ веќе неколку месеци.

„Наскоро ќе ја споделиме со светот една од најважните надградби на Windows во последните десет години. Јас лично ја тестирав новата верзија веќе неколку месеци и сум многу возбуден од новата генерација на нашиот оперативен систем. Нашето ветување кон вас е ова: ќе создадеме повеќе деловни можности за развивачите кои работат на нашата платформа и ќе го прифатиме секој развивач на софтвер кој ја бара најиновативната, најновата и најотворената платформа на која ќе дистрибуира и заработува од апликации. Со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе информации наскоро.“

Да потсетиме, Microsoft веќе неколку месеци развива нова продавница за апликации што ќе доаѓа интегрирана со Windows, а со тоа ќе добиеме и промена на корисничкиот интерфејс. Надела реферира на промените во продавницата и новите можности за заработка за развојните тимови кои работат на софтвер за платформата на Microsoft, пишува tportal.

Гласините одат понатаму – се шпекулира дека компанијата дури ќе дозволи и воведување на посебни продавници кои ќе го заобиколат процентот на Microsoft на секоја продажба (15 проценти за апликации и 12 проценти за секоја игра).

Интересно е и споменувањето на Надела за „новата генерација на Windows“. „Microsoft“ нарекува сè со името „Windows 10“, што значи дека компанијата може да подготви промена на брендингот покрај новиот дизајн.

Microsoft минатата недела објави дека ќе престане со продажба на Windows 10Х, но дека ќе вклучи делови од оперативниот систем, вклучително и поддршката за повеќе екрани, во Windows 10. Колку што знаеме, Microsoft веќе разви неколку нови системски икони и воведе подобрувања за File Explorer и иконата за крајот на ерата од Windows 95. Компанијата, исто така, планира да ги подобри основите на оперативниот систем со воведување поправки за реаранжирање на апликациите на повеќе монитори, додавање на Xbox Audio HDR и подобрена аудио поддршка преку Bluetooth.

Се чини дека ќе добиеме конкретни вести за новиот Windows во текот на следните неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП