Благодарение на своите линии „Z Fold“ и „Z Flip“, „Samsung“ е лидер кога станува збор за пазарот на телефони со флексибилен екран. Новиот извештај од Јужна Кореја сугерира дека „Samsung“ планира да испорача меѓу шест и седум милиони нови телефони Galaxy „Z Fold“ и „Z Flip“ во оваа година.
Во извештајот се споменува дека само „Z Fold3“ се очекува да биде испорачан во околу три милиони примероци, додека „Z Flip3“ се очекува да биде испорачан во околу четири милиони примероци. Објавувањето за двата телефони се очекува во текот на јули, што им остава околу пет месеци да ја реализираат предвидената продажба.

