И покрај солзите кои ги имаше во очите Пеп Гвардиола во прошталниот говор по последниот меч на Серхио Агуеро за Манчестер сити, аргентинскиот напаѓач подолго време имал проблеми со менаџерот и воопшто не бил задоволен од начинот на кој заминува од клубот по една деценија, тврди британскиот „Атлетик“.
Агуеро постигна два гола при 5:0 победата над Евертон, за да има вкупно 260 гола во 10 сезони во Сити и 184 гола во Премиер лигата. Но, според „Атлетик“, Агуеро од март не зборува со Гвардиола, откако тој решил да не му понуди нов договор и дека тој воопшто не планирал да си замине од „Етихад“.

