18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинескиот ровер ги испрати првите снимки од Марс(ВИДЕО)

Кинескиот ровер ги испрати првите снимки од Марс(ВИДЕО)

Кинески моторизиран ровер кој се управува на далечина се спушти денес од својот лендер на Марс и тргна да ја истражува површината на црвената планета, објави кинеската вселенска управа.

Роверот со соларен погон денес ја допре земјата на Марс во 10:40 часот по локално време во Пекинг.

Тој слета на Марс минатата сабота, во технички предизвикувачка мисија, која е потешка од слетувањето на Месечината. Тоа е прва кинеска мисија на Марс, што ја прави втора земја што слета ровер на Марс, по САД.

Роверот го доби името Журонг, по кинескиот Бог на огнот, а на него беа извршени дијагностички тестови неколку дена пред да започне со истражувањето.

Се очекува, тој, 90 дена да истражува дали има докази за живот на Марс.

Кина има амбициозни вселенски планови, вклучително и лансирање орбитална станица со екипаж и спуштање човек на Месечината. Во 2019 година, таа стана првата земја што слета вселенско летало на малку истражуваната страна на Месечината, а во декември ги врати месечевите камења на Земјата за прв пат од 1970-тите години.

И Америка моментално има мисија на Марс, нејзиниот ровер „Perseverance“ и мал хеликоптер кој ја истражува оваа планета.

Американската вселенска агенција НАСА очекува нивниот ровер да ги собере првите примероци во јули за да се врати на Земјата за десет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП