3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве што јадат луѓето кои се секогаш фит

Еве што јадат луѓето кои се секогаш фит

Истражувачите од Универзитетот Корнел испрашувале група луѓе кои водат здрав живот и внимаваат на својата исхрана и нивните прехрамбени навики.

Во студијата наречена „Slim By Design“, 61 процент од испитаните 147 лица (од кои 118 биле жени), навеле дека нивната омилена храна е пилешкото месо, додека само седум проценти биле вегетаријанци, а 63 проценти од испитаниците јаделе зеленчук за вечера секој ден.

Меѓу испитаниците биле ретки оние кои го прескокнувале појадокот. Испитаниците главно појадувале овошје (46 проценти), јајца (31 процент), додека сланината и житарките не им биле на врвот на листата.

„Интересен резултат од оваа студија е фактот дека голем процент од слабите лица појадуваат и не го прескокнуваат појадокот. И не само што појадувале, туку и за време на појадокот консумирале здрава храна како овошје и зеленчук“, вели Ана Лина Вуиринен, автор на истражувањето.

За ужинка, овошјето повторно било најпопуларно меѓу испитаниците (39 проценти) или пак јаткастите плодови (20 проценти).

Околу 81 процент од испитаниците алкохол пиеле повремено, 47 проценти од нив изјавиле дека никогаш не биле на диета, само 38 поценти вежбале три пати неделно, додека 10 проценти воопшто не се занимавале со било каква физичка активност.

Околу 16 проценти од испитаниците навеле дека никогаш не се мерат, додека 24 проценти од нив истакнале дека речиси секојдневно стојат на вагата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП