Нант на македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров, им се приклучи на Пари Сен-Жермен и Алборг на фајналфор-турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите откако во драматичен финиш успеа да изддржи за ХХХ пораз од Веспрем во Унгарија, доволен за пласман на шоуто во Келн.
Нант имаше четири гола предност од првиот меч (33:29) и во текот на целиот меч не дозволи унгарскиот гигант да се доближи до посакуваната предност почнувајќи со 2:5 водство пред Унгарците на полувремето да имат три гола предност (18:15). Во финишот на мечот, во 52. минута, Веспрем стигна до три гола предност (31:28), но Нант со головите на Гурбиндо и Лазаров осигури пласман на францускиот клуб.

