15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски: Одиме на ЕП да се надигруваме, со надеж дека ќе ја...

Ангеловски: Одиме на ЕП да се надигруваме, со надеж дека ќе ја поминеме групата

Македонија за три недели ќе дебитира на европските првенства. Селекторот Игор Ангеловски го објави спикот на играчи кои ќе бидат репрезенти на државата, на континенталниот шампионат.

Селекторот на ЕУРО 2020 оди со проверени сили, фудбалери кои се дел од националниот тим во изминатите пет и повеќе години. Поради повреда првенството ќе го пропушти Илија Несторовски.

Македонија на ЕУРО 2020 ќе игра против Австрија и Украина, во Букурешт на 13. и 17.јуни и против Холандија на 21.јуни во Амстердам.

„Овие фудбалери многу пати досега ја направија нацијата горда и со самиот пласман на Европскиот шампионат. Со нивните настапи за тимот и можам да ветам на нацијата дека ќе направат сè во своја моќ пак да ги направат фановите горди“, изјави селекторот Ангеловски и дополни.

„Одиме со желба за надигрување и ќе ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат и пласман во втората фаза. Јас прв верував во играчите и очекувам максимум од нив на секој натпревар. Ги анализираме и противниците, со Австрија игравме и иако двапати не совладаа, ќе се обидеме да научиме од тие грешки, Украина исто така е многу квалитетна селекција, знаеме дека Шахтјор Доњецк двапати го победи Реал Мадрид, а таму има многу украински репрезентативци. На крајот одиме во Амстердам во Холандија со надеж дека повторно би можеле да се вратиме во Романија, ако ја минеме првата фаза“.

Ангеловски репрезентацијата ќе ја собере на 25.мај, ден подоцна ќе започнат подготовките. Пред почетокот на ЕУРО 2020, Македонија ќе одигра контролни натпревари со Словенија на 1.јуни и три дена подоцна со Казахстан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП