13 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА2,5 милиони долари понудени за место во вселенското летало на Безос

2,5 милиони долари понудени за место во вселенското летало на Безос

Blue Origin, приватната ракетна компанија на милијардерот Џеф Безос, објави дека во моментов највисоката понуда за место во вселенското летало „New Shepard“ е 2,4 милиони долари во вториот круг на јавната понуда.

Компанијата соопшти дека примила над 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг на наддавање, чија најголема понуда не била објавена додека не заврши кругот.

Вториот круг започна со првична понуда од 1,4 милиони долари, според податоците на веб-страницата Blue Origin. Процесот ќе трае до 10 јуни и ќе заврши во последната фаза на 12 јуни, со онлајн аукција во живо.

Ракетната компанија го одбра 20 јули за прв суборбитален извидувачки лет со своето вселенско летало, што е пресвртница во конкуренцијата што ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата „New Shepard“ се дизајнирани за автономен превоз на шест патници на висина поголема од 100 километри над површината на Земјата.

Во 2018 година, Ројтерс објави дека Blue Origin планира да им наплати на патниците најмалку 200.000 долари за возењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП