18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнаа првите фотографии! Кинескиот ровер за почеток направи неколку селфија од површината...

Пристигнаа првите фотографии! Кинескиот ровер за почеток направи неколку селфија од површината на Марс

Кинеската вселенска агенција ги објави првите фотографии од нивниот ровер “Zhurong”, кој минатата недела успешно слета на површината Марс.

Првите фотографии направени од кинескиот ровер Zhurong на Марс го покажуваат неговиот поглед од платформата на која слета и погледот на неговите соларни панели.

Кинеските научници се надеваат дека ќе можат да извлечат најмалку 90 дена во целосна оперативна подготвеност од Zhurong.

Zhurong слета во областа Утопија Планитија, која е огромна територија на северната хемисфера на Црвената планета.

Zhurong се потсетува на првите ровери на НАСА „Spirit и Opportunity“ од 2000-тите. Тежок е 240 килограми и се напојува со преклопни соларни панели.

Исто така, има висок јарбол на кој се наоѓаат камерите, кои помагаат во навигацијата на роверот. Исто така, постојат пет дополнителни инструменти кои ќе ја истражуваат минералогијата на локалните карпи и опкружувањето воопшто, како и временските услови.

Zhurong има и ласерска алатка со која може да се дупчат камења за да се направи нивна хемиска анализа. Конечно, тука е радарот кој ќе бара мраз под површината на планетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП