16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗахави го фотошопира израелското знаме кај Погба, па објасни зошто

Захави го фотошопира израелското знаме кај Погба, па објасни зошто

Израелскиот фудбалер Еран Захави сподели фотошопирана фотографија на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, со израелското знаме откога по вчерашниот меч со Фулам, Погба заедно со Амад Дијало се појави со палестинско знаме, кое го доби од трибините.

Наместо споделување на оригиналната фотографија, Захави го постави израелското знаме на „Инстаграм“ и порача: „Благодарам момци за поддршката од целиот свет“.

По ова, фудбалерот на ПСВ Ајндховен реши да го објасни потегот.

„Сега кога го имам вашето внимание, време е да се објасни вистинската ситуација. Ниту еден од вас не ги знае корените на конфликтот, а многу од вас не знаат ниту каде е Газа ниту, пак, Ерусалим на мапата и затоа подобро вашите социјални мрежи да ги користите за повици за мир од двете страни. Така ќе биде поедноставно“, вели 33-годишниот Захави, кој има 66 настапи и 25 гола за израелската репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП