19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНово истражување покажало охрабрувачки резултати: Вакцината ги ублажува и симптомите на продолжен...

Ново истражување покажало охрабрувачки резултати: Вакцината ги ублажува и симптомите на продолжен ковид

Дури 56,7 проценти од испитаниците кои имаат проблеми со продолжен ковид го подобриле своето здравје по вакцинирањето, покажува новото истражување спроведено во Велика Британија, кое го пренесува британски „Гардијан“

Оваа студија, која допрва треба да се разгледува, беше спроведена на примерок од 812 луѓе кои имале несакани симптоми долго откако страдале од инфекција на ковид. Во анализата е споредена јачината на 14 вообичаени симптоми на долг ковид пред и после првата доза на вакцина. Податоците покажаа дека дури 56,7 проценти од испитаниците имале општо подобрување на симптомите, во 24,6 проценти состојбата останала непроменета, додека 18,7 проценти пријавиле влошување на симптомите.

Овие податоци, како што објави „Гардијан“, не можат дефинитивно да докажат дека вакцината довела до подобрување на симптомите кај испитаниците, но резултатите се охрабрувачки.

“Кај 130 лица од анкетата кои ги примиле обете дози на вакцината, симптомите се подобриле по првата доза, а потоа симптомите повторно се влошиле. По втората доза на вакцина, повторно дошло до подобрување”, изјави д-р Дејвид Стрин, еден од авторите на студијата и виш клинички предавач на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ектер.

Д-р Дани Алтман, професор по имунологија на Империјал колеџ во Лондон, рече дека една од причините за подобрување на симптомите по вакцинирањето може да биде тоа што пациентите со продолжен ковид се уште имаат резервоар со вирус кој никогаш не бил правилно исчисте, а вакцината го опремила организамот со имунолошки одговор на тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП