Важи за едно од најздравите масла, и обично сме подготвени за него да издвоиме доста пари. Меѓутоа, дури ниту високата цена не мора да значи дека во кујната чувате квалитетно маслиново масло.
Екстра девственото маслиново масло поради антиоксидансите и добрите масти е едно од најздравите намирници, но тоа важи доколку е апсолутно чисто, а како што вели истражувањето на американскиот Центар за маслиново масло Дејвис, околу 69 проценти од увезеното маслиново масло е помешано со поевтини варијанти.

