Шампион сезонава е тимот на тетовска Шкендија, второпласиран по 33 кола е тимот на Шкупи, додека на третата позиција првенството го заврши екипата на Струга Трим Лум. Овие две екипи ќе играат квалификации за Лига Европа, а тетовци ги чекаат квалификации за ЛШ.
Дамка на последното коло е влегувањето на стадионот во Тетово на навивачите на Шкендија кои и покрај забраната за присуство на навивачи на трибините поради пандемијата на коронавирусот, тргнаа да ја прослават новата титула. Мечот беше прекинат на 15 минути пред крајот затоа што гостинските фудбалери се повлекоа во соблекувалните. Подоцна мечот продолжи, откако трибините беа испразнети, и заврши со резултат 1-1.

