Спортинг Лисабон, еден од трите „грандес“ големи клубови во Португалија ја прекина низата без титула од 19 години, откако вечерва со 1:0 ја совлада Боависта за да направи недостижна предност пред своите ривали.
Популарните „лавови“, кои во последно време се познати по своите таленти кои ги продаваат (како Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед), имаат 82 поени на врвот на табелата, пред Порто со 74, додека Бенфика е само трета со 70 поени и со малку шанси за пласман во Лигата на шампиони.

