3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо заедно со Ањели и Елкан во шопинг кај Ферари

Роналдо заедно со Ањели и Елкан во шопинг кај Ферари

Иако шпекулациите велат дека Јувентус нема да може да си ја дозволат неговата плата доколку не играат во Лигата на шампионите, денешната заедничка посета на Ферари со Андреа Ањели и Џон Елкан покажува дека тие сметаат на услугите на Кристијано Роналдо.

Наместо на тренинг со своите соиграчи по болниот 0:3 пораз од Милан, Роналдо заедно со претседателот на Јуве, Ањели, и со претседателот на „Ексор“, татковската компанија на Јувентус, Фиат и Ферари, беа во посета на Маранело.

Според „Калчомеркато“, средбата била толку срдечна, што Роналдо дури си купил ново Ферари да додаде на својата скапа колекција на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП