Раководството на Арсенал испрати официјална понуда до Борусија Дортмунд за Илкај Гундоган, објави весникот „Дејли мирор“. Предлогот на Англичаните изнесува 20 милиони фунти.
Германскиот репрезентативец од турско потекло се етаблира меѓу најважните личности на „милионерите“ минатата сезона. Во 2011-та година тој беше доведен како замена за Нури Сахин, кој во моментов исто така е во тимот, но прилично тешко ќе го замени неговиот ривал од стартниот состав.
Иако желбата на 22-годишниот Гундоган е да игра во Англија или Шпанија, неговиот татко смета дека најдобро место за неговиот развој е во Борусија.
„Сакам да ги уверам сите дека Илкај останува во Борусија Дортмунд. Тој се уште се развива, па е малку рано за трансфер во друг тим од Англија или Шпанија. Наскоро ќе добиеме предлог од Борусија за нов договор и ќе имаме доста добар пореглед на работите “, коментира таткото на Гундоган.