20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ericsson“ и „Samsung“ го решија спорот за патенти

„Ericsson“ и „Samsung“ го решија спорот за патенти

Телекомуникациските гиганти „Ericsson“ и „Samsung“ го решија спорот за патенти. Корпорациите од Шведска и Јужна Кореја склучуваат повеќегодишен договор за глобални лиценци за патенти, објави „Ericsson“ во петокот. Договорот ги вклучува сите мобилни технологии, вклучително и брзиот 5G стандард.

Договорот става крај на сите тековни спорови за патенти меѓу двете компании, како во САД, така и во странство, велат од „Ericsson“. Покрај тоа, беше договорено производителите да работат заедно на проекти кои „ќе ја подобрат индустријата за мобилни комуникации во отворена стандардизација и ќе создадат вредни решенија за потрошувачите и компаниите“.

Од „Ericsson“ не ги откриваат специфичните услови на зделката. Меѓу другото, Швеѓаните го тужеа „Samsung“ во окружниот суд во Тексас кон крајот на 2020-та година. Таму, тие ги обвинија Јужнокорејците за кршење на договорните обврски дизајнирани да обезбедат фер услови за лиценцирање на патентите. Случајот се однесуваше на техничките стандарди за крајните уреди во контекст на преминот кон новата 5G мобилна мрежа.

Специјални правила се применуваат на патентите што се дел од основниот сет на технички стандарди. Лиценците за вакви патенти мора да бидат дадени под фер услови и без дискриминација. Англиската кратенка „FRAND“ (фер, разумен и недискриминаторски) се користи за означување на принципот. Сепак, во пракса, секогаш има контроверзии околу примената на ова правило – на пример, која такса може да се смета за разумна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП