26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоктор открива: Оваа храна е занемарена од многумина, а е непроценлива за...

Доктор открива: Оваа храна е занемарена од многумина, а е непроценлива за здравјето на срцето и крвните садови

Лукот е составен дел од вкусните рецепти, но и неизбежна храна доколку сакате да се храните здраво. Иако постојано слушаме за сите корисни ефекти на лукот, кардиологот д-р Стивен Гандри вели дека лукот е една од најпотценетите намирници кога станува збор за здравјето на срцето и крвните садови.

“Лукот не е само одличен пробиотик, кој овозможува цветање на цревните бактерии односн пробиотик. Исто така, има силно антибактериско дејство, поради што оние кои често јадат лук имаат помалку наслаги на артериските sидови”, рече д-р Гандри.

Која е тајната? Д-р Гандри се залага за инфективна теорија на срцеви заболувања, односно теорија според која одредени бактерии, вируси и паразити предизвикуваат наслаги на sидовите на артериите и ја загрозуваат нивната состојба, што доведува до кардиоваскуларни проблеми.

Атеросклерозата и артериските болести се предизвикани од овие наслаги, а лукот, како моќен сојузник на организмот во борбата против ваквите „напаѓачи“, им помага на нашите крвни садови да останат чисти.

“Луѓето кои јадат лук имаат помалку од тие наслаги. Имав пациенти за кои предвидував страшни резултати од ангиограми, а кога ќе го сториме тоа, тие немаа наслаги”, вели Гандри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП