Вилјареал на Унаи Емери успеа да одигра 0:0 на гостувањето на „Емирати“ за да се пласира во финалето на Лига Европа, откако во првиот меч го совлада дома Арсенал со 2:1, за да спречи вкупна англиска доминација во европските финалиња, и сега ќе игра со Манчестер јунајтед во финалето во Гдањск, откако „ѓаволите“ загубија со 3:2 на гостувањето кај Рома, откако дома ја декласираа со 6:2.
Со оглед дека во финалето на Лигата на шампионите ќе играат Челси и Манчестер сити, Арсенал требаше да дојде до минимална 1:0 победа за да осигура и англиско финале во Лига Европа, но цврстиот тим на Вилјареал изддржа на гостувањето за прво европско финале во 98-годишната историја на шпанскиот клуб.

