26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКина сака да дојде на работ на Сончевиот систем

Кина сака да дојде на работ на Сончевиот систем

Кинеските научници ја проценуваат можноста за реализација на проектот за испраќање вселенски летала до работ на Сончевиот систем, изјави Ву Вејрен, главен дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината.

Според проектот, кинеското вселенско летало би поминало околу 100 пати поголемо растојание од тоа помеѓу Сонцето и Земјата до 2049 година, кога Кина ќе ја прослави својата 100-годишнина од основањето, изјави Ву за магазинот „China Space News“, пренесе Танјуг.

Според агенцијата Ксинхуа, растојанието помеѓу Сонцето и Земјата се нарекува астрономска единица и е околу 150 милиони километри.

Кинеската медиумска група (ЦМГ) известува дека целта на проектот е да се спроведат научни истражувања и експерименти на работ на Сончевиот систем, оддалечен околу 15 милијарди километри од Земјата.

„Доколку проектот може да се спроведе, тоа ќе биде придонес на Кина кон светот и човештвото. Кинеската вселенска индустрија има сила да ја постигне оваа цел “, рече Ву.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП