24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмазон заработи 44 милијарди евра во Европа и не плати данок

Амазон заработи 44 милијарди евра во Европа и не плати данок

Минатата година Амазон заработи 44 милијарди евра од продажба на стоки и услуги на европскиот пазар.

Рекордната сезона на најголемиот доставувач во годината кога Европејците беа главно врзани за своите домови поради пандемијата и не е некое големо изненадување, пренесува порталот Seebiz.

Изненадувачка даночна пријава

И покрај рекордната продажба, Амазон не плати данок во својата матична европска земја, Луксембург – каде покрај успехот во остатокот од Европа, успеа да направи загуба од 1,2 милијарди евра, пренесува Гардијан.

Тоа не е сè. Амазон доби и „награда“ за „неуспех“ во Луксембург, од каде се грижи за продажбата во Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија и Шведска.

Европскиот даночен рај со 600.000 жители одобри дополнителни 56 милиони евра даночни кредити на единицата Амазон ЕУ Сарл, со која ќе може да ги подмири идните даночни сметки во случај на профит.

Со претходните загуби во Луксембург, компанијата веќе генерираше заеми од 2,7 милијарди евра кои може да ги искористи за да го плати својот иден данок на доход.

Амазон плаќа и дел од даноците во земјите во кои работи, но неговата вредност е непропорционална, ако не и занемарлива.

Компанијата заработи 17,5 милијарди фунти во Велика Британија во 2019 година и плати 293 милиони фунти данок.

Американската документација открива дека продажбата на Островот дополнително се зголемила во пандемијата во 2020 година, на рекордни 26,5 милијарди фунти.

Износот на оданочувањето за некои европски земји оваа година останува мистерија.

Официјалната документација доставена од Амазон ЕУ Сарл во Луксембург не наведува колку заработила Амазон во одредени европски земји.

Само може да се види дека вкупната заработка се зголемила од 32 милијарди евра во 2019 година на 44 милијарди евра во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП