11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо побарал тројца нови играчи, Мхитаријан ќе го напушти клубот

Мурињо побарал тројца нови играчи, Мхитаријан ќе го напушти клубот

Жозе Мурињо од наредната сезона ќе ја предводи Рома. Португалецот се враќа во Серија А, откаде замина како шампион со Интер во 2010 година.

„Скај спорт“, објави дел од плановите на Мурињо за летниот преоден рок. Според овој извор, челниците и Португалецот се договориле тимот да се гради полека, што значи дека во летниот преоден рок, Рома нема да троши многу пари.

Мурињо, од газдите побарал во летниот преоден рок во клубот да пристигнат голман, резервен напаѓач и централен играч во редот за врска. Ова значи дека Мурињо сериозно смета на Един Џеко, како прв напаѓач.

Веројатно е дека клубот ќе го напушти најдобриот играч на Рома оваа сезона, Хенрик Мхитаријан.

Ерменецот сезонава постигнал 11 голови и забележал 11 асистенции, но тој нема добро искуство со Мурињо.

Портигалецот го донесе Мхитаријан во Манчестер јунајтед, а 18 месеци како дел од трансферот на Алексис Санчез го испрати во Арсенал.

Договорот на Мхитаријан со Рома истекува по завршувањето на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП