Кинеска ракета од 21 тон е целосно надвор од контрола и полека паѓа назад кон Земјата и може да падне врз населени места, предупредуваат експертите.
Минатата среда кинеската вселенска агенција ЦНСА ја лансираше ракетата „Long March 5B“ од лансираната база Wenchang на островот Хаинан во орбитата на Земјата, која сега може да падне насекаде на Земјата, пренесува The Mirror.
Првиот модул на идната кинеска вселенска станица Tiangong-3, наречен Tianhe (во превод „небесна хармонија“), беше испратен на ракета како товар. Ова е второ лансирање на ракетата „Long March 5B“, која во моментов нема можност за повторна употреба на нејзините главни делови.
По вметнувањето на модулот на вселенската станица во посакуваната орбита, како што може да се види на приложеното видео, ракетата остана во орбитата – неконтролирана. Со тежина од околу 21 тон, должина од 30 метри и дијаметар од околу 5 метри, централната фаза на кинеската ракета сега кружи околу нашата планета во нестабилна орбита, од која може да падне секој ден, или да започне процес на непланирано и неконтролирано деорбитирање.
Голем дел од ракетата се предвидува да изгори кога ќе влезе во атмосферата, но големи парчиња вселенски остатоци лесно можат да преживеат при падот и да завршат на земја или во океан.
Ракетата во моментов се движи во наклонета орбита, така што нејзиниот најсеверен дел од траекторијата е малку северно од Мадрид, Њујорк и Пекинг (достигнува 41,5 ° северна географска ширина), а на југ траекторијата ги достигнува географските широчини на Нов Зеланд.
Ние, во Македонија сме безбедни и кинеската „Long March 5B“ може да падне насекаде во споменатите област во наредните денови. Огромното мнозинство на површината на Земјата е покриено со океани, па затоа тие се најверојатно место за удар, но не е исклучен падот на одредени делови на ракетата кон копно и населени места.