29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата стратегија на „Nokia“ започна да се исплати

Новата стратегија на „Nokia“ започна да се исплати

Новата стратегија на „Nokia“ покажува рани знаци дека се исплати. Компанијата ги објави своите најголеми приходи за првиот квартал од продажба на мрежна и 5G опрема, што ја зголеми цената на нејзините акции за 16%.

Финската компанија и нејзиниот шведски конкурент „Ericsson“ добиваат клиенти, додека телекомуникациските оператори се фокусираат на лансирање на нивните 5G мрежи, а кинескиот „Huawei“ е блокиран од некои влади поради безбедносни проблеми.

„Оваа година гледаме голема побарувачка за 5G опрема, како и она што го нарекуваме мрежна инфраструктура, што во пракса се оптички врски во домови и канцеларии“, рече извршниот директор Пека Лундмарк во едно интервју.

Откако ја презеде функцијата минатата година, Лундмарк го преструктуираше работењето на „Nokia“, ги намали работните места и направи измени за да го врати гигантот од производните грешки на претходното раководство што влијаеше на 5G амбициите на компанијата  и цената на акциите.

Кварталните приходи се зголемија за 3% на 5,08 милијарди евра, надминувајќи ја консензусната прогноза на аналитичарите од 4,72 милијарди долари, според „Refinitiv“.

Приходите од мрежната инфраструктура скокнаа за 28% на 1,73 милијарди евра.

„Ова се солидни резултати и добар почеток на годината за „Nokia““, рече Ричард Веб, аналитичар во „CCS Insights“. „Особено, оперативната маргина од 11% се чини стабилна и покажува дека преструктуирањето има одредено позитивно влијание“, додава тој.

На растот во втората половина на годината ќе влијае еден од северноамериканските клиенти, објави компанијата. „Nokia“ изгуби дел од договорот со „Verizon“ минатата година, откако „Samsung“ изненадувачки склучи договор со телекомот во вредност од 6 милијарди долари.

Кварталната заработка се искачи на 5 евроценти по акција, додека прилагодената заработка по акција достигна 7 евроценти. Аналитичарите очекуваа прилагодената заработка да биде еден евроцент по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП