4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус го започна атакот за Алонсо

Јувентус го започна атакот за Алонсо

alonso

Италијанскиот шампион Јувентус бара заменик на ветеранот Андреа Пирло. Клубот од Торино ќе стори се што може за да го доведе во своите редови халфот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, пренесуваат локалните медиуми.

Раководството на „старата дама“ е импресионирано од талентот на шпанскиот интернационалец и во него гледаат идеална замена на Андреа Пирло, кој ќе наполни 35 години пред крајот на престојната сезона 2013/14.

Веднаш по напуштањето на Реал Мадрид од страна на Жозе Мурињо се проговори дека Јувентус е сериозно заинтересиран да услугите на Алонсо. Во наредните денови се очекува развој во преговорите меѓу двете страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП