25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКој е лидер во испораката на таблети и Chromebook уреди?

Кој е лидер во испораката на таблети и Chromebook уреди?

Глобалната побарувачка за таблети и „Chromebook“ уреди нагло се зголеми во текот на првиот квартал од оваа година, според истражувачката компанија „International Data Corporation“ (IDC).

Таблетите пораснаа за 55,2% на годишно ниво (39,9 милиони уреди) кога станува збор за испораките, додека за „Chromebook“ пораснаа за дури 357,1% (13 милиони). „IDC“ посочува дека таков раст на пазарот на таблети не е забележан од 2013-та година.

Кога станува збор за индивидуални резултати, „Apple“ продолжува да доминира во категоријата таблети со 12,7 милиони испорачани и удел на пазарот од 31,7 проценти. На второ место е „Samsung“, со осум милиони испорачани таблети и удел на пазарот од 20 проценти. Следуваат „Lenovo“, „Amazon“ и „Huawei“.

Кога станува збор за „Chromebook“, „HP“ испорача 4,4 милиони уреди и имаше удел на пазарот од 33,5 проценти во текот на првиот квартал. Второто место му припаѓа на „Lenovo“, со вкупна испорака од 3,3 милиони „Chromebook“ уреди и 35,6% удел на пазарот. „Acer“ е на третото место, додека „Dell“ и „Samsung“ се четврти и петти според испораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП