29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку чини изнајмување на Veyron?

Колку чини изнајмување на Veyron?

veyronn

Иако обичните смртници ретко кога имаат можност да се најдат за управувачот на ова „Bugatti“, некои од нив се во можност да го провозат барем на еден ден. Меѓутоа тоа задоволство мораат да го платат 19.000 евра, колку што чини рентањето на овој автомобил во Британија.

Со цена на основниот модел од преку милион евра, „Bugatti Veyron“ е еден од најскапите и најпрестижните сериски автомобили во светот. Привилегија да го поседуваат и возат таквиот автомобил имаат мал број на луѓе.

Британската куќа „Holders Vehicle Contracts“ им овозможува на сите оние кои се подготвени да одвојат 16.500 фунти дневно или околу 19.000 евра, да го изнајмат еден од најмоќните и најбрзите автомобили на сите времиња. Инаку за истата сума на пари можете да купите нов пристоен семеен автомобил.

За оние кои „Veyron“ ќе го користат за текот на целиот викенд цената се искачува на 45.000 фунти (52.000 евра).

Покрај „Bugatti“ во понудата се и други познати суперавтомобили, па така рентањето на „Ferrari Enzo“ за еден ден чини околу 8.000 фунти (9.220 евра), додека цената на „Mercedes-Benz SLR McLaren“ изнесува „само“ 1.995 фунти (2.300 евра).

Покрај овие две возила на располагање се уште и „Rolls-Royce Phantom“ (кој обавезно доаѓа со шофер), „Lamborghini Murcielago“ и „Aston Martin V8 Vantage“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП