24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ќе ви помогнат да се изборите со холестеролот

Намирници кои ќе ви помогнат да се изборите со холестеролот

Правилната исхрана и движењето можат да помогнат при справувањето со високиот холестерол кој е најмногу ризичен за кардиоваскуларните заболувања. Покрај советите од докторите, и самите можете да воведете нови промени што позитивно ќе влијаат по здравјето.

Ова се намирниците што ќе ви помогнат да го намалите холестеролот.

1. Ореви

Повеќето јаткасти плодови, вклучувајќи ги бадемите, оревите и лешниците се одлични за намалување на зголемениот холестерол, но пожелно е да се избегнуваат солените варијанти, особено ако имате висок крвен притисок.

Според една студија направена во САД, осум до десет ореви дневни го намалуваат вкупниот холестерол за 5 проценти.

2. Јаболки

Новите истражувања покажале дека ако редовно јадете јаболки или пиете сок од јаболки може за дури 38 проценти да го намалите т.н лош холестерол ЛДЛ.

3. Маслиново масло

Содржи мононезаситени маснотии што не го намалуваат нивото на холестерол, но ниту го зголемуваат. Ги зајакнува ѕидовите на артериите што значи дека ќе бидат помалку оштетени од влијанието на холестеролот. Пожелно е секој ден да се употребуваат по две лажици маслиново масло.

4. Лук

Истражувањата покажуваат дека дневна доза од пет милиграми лук во таблети го намалува холестеролот за 11 проценти. Само едно чешне ја подобрува циркулацијата.

5. Јогурт

Многубројните студии покажаа дека јогуртот содржи состојка наречена стерол што го намалува нивото на холестерол за седум до десет проценти за само три недели. Затоа е добро покрај секој оброк да се консумира по една чаша јогурт.

6. Соја

Ако ги замените млечните преработки со производи од соја, значително ќе го намалите нивото на „лошиот“ холестерол. Експертите советуваат дека за најдобри резултати е пожелно дневно да се консумира по половина литар млеко од соја.

7. Природни влакна

Растенијата содржат влакна што го врзуваат холестеролот за себе, а потоа го исфрлаат преку столицата. Затоа е корисно со секој оброк да се јаде леб од интегрални житарки и исхрана збогатена со свежо овошје и зеленчук.

8. Грав.

Богат е со влакнести материи и за шест недели холестеролот може да го намали за 6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП