Реал Мадрид и Челси ќе веруваат во своите шанси за пласман во големото финале на Лигата на шампионите во Истанбул на 29 мај, откако на првиот меч на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, одиграа 1:1 во меч одбележан со фуриозно прво полувреме, силен дожд и по еден гол во двете мрежи.
Челси имаа подобар старт на мечот, напаѓајќи од првата минута и создавајќи повеќе шанси против на прв поглед нестабилната одбрана на Реал Мадрид, и ова резултираше со голот на Кристијан Пулишиќ по 14 минути игра. Реал успеаја да израмнат по генијалниот потег на Карим Бензема во 29. минута од мечот. По ова, Реал заиграа подобро, предводени од Лука Модриќ, но не успеаја да дадат гол.

