29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск го "боцна" Безос откако победи на наддавањето на НАСА: „Не може...

Маск го “боцна” Безос откако победи на наддавањето на НАСА: „Не може да се покрене…“

Вселенската трка на двајцата најбогати луѓе во светот во вторникот доби нови размери, откако првиот човек на Тесла, Илон Маск, ги исмеа обидите на Џеф Безос да ја оспори неговата голема зделка со НАСА.

Двацата милијардери кои се обидуваат да лансираат орбитални ракети со долг дострел се борат за атрактивен договор со американската влада за изградба на вселенски брод кој ќе превезува астронаути на Месечината, можеби уште во 2024 година.

Маск победи, а Безос не е среќен поради тоа.

Неговата компанија Blue Origin во понеделникот се жалеше до надлежната владина канцеларија обвинувајќи ја американската вселенска агенција НАСА за промена на условите на тендерот во последен момент.

Маск, кој исто така управува и со SpaceX, возврати на Твитер: „Не може да се покрене (да орбитира), умирам од смеа”.

Blue Origin заостанува далеку зад SpaceX и United Launch Alliance (ULA) во транспортот до орбитата што резултираше со загуба на милијарди долари вредни договори за лансирање од 2022 година.

ULA е заедничко вложување на Boeing Co и Lockheed Martin Corp.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП