Само поради тоа што игра во „малата“ Џенова, 37-годиниот Горан Пандев е во сенка на врсниците Златан Ибрахимовиќ (39), Кристијано Роналдо (36) и Фабио Кваљарела (38). Добро е што македонскиот ас не замина во пензија, бидејќи неодамна го постигна 100. гол во Серија А, а летово ќе игра на ЕП, до кое Македонија дојде со неговиот гол против Грузија.
Вака, хрватскиот портал „Индекс“, го започнува текстот посветен на најдобриот македонски фудбалер. Пандев е македонски рекордер, има најмногу настапи (117) и постигнати голови (37).

